Фондациите Отворено Општество во Македонија

Фондациите Отворено Општество во Македонија

Download Files

Download this information as a factsheet in Macedonian.
508.43 KB pdf

Кога Фондацијата Отворено општество–Македонија започна да работи во 1992 година, веднаш се вклучи во длабоката криза со која се соочуваше новата независна држава.

Грција и Србија ги блокираа границите кон Македонија, незадоволни од нејзината одлука да се отцепи од Југославија; регионалните војни подгреваа етнички тензии; некои дури велеа дека земјата нема да опстане како независна држава. Владата беше во финансиска криза, и новата фондација обезбеди витална поддршка, вклучувајќи снабдување со основни медицински средства, масло за греење за училиштата и извозна помош за земјоделците.

Војната во Југославија заврши во 1995 година. Меѓутоа, во 2001 година избувна нова домашнакриза поради конфликт меѓу владата и лидерите на значителното етничко албанско малцинство.Откако се постигна договор, фондацијата повторно пристапи напомош - со обезбедување финансиска помош за групи на граѓанско општество, со цел да се поттикне смирување и да се информира јавноста за новиот договор.

Воглавно, покрај конкретните предизвици на Македонија, активностите на фондацијата ги отсликуваше нејзините активности во поранешните комунистички држави во источна и централна Европа: финансиска помош за модернизација и реформи во здравството и образованието; промовирање на развојот на Ромите; поддршка на вклученоста на граѓанското општество и залагање за одговорност на владата. Нивоата на финансиска помош значително се намалија во однос на деведесеттите години на минатиот век. Но, фондацијата и понатаму се залага за социјален и економски развој и за стабилност во Македонија.

Infographic
Republish: This image is licensed under CC BY-NC-ND and may be used for free with attribution.

9 ФАКТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И ФОНДАЦИИТЕ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО:

  1. Кога Џорџ Сорос ја именуваше Фондацијата Отворено општество – Македонија во 1992 година, тој стана еден од првите меѓународни личности којшто ја призна новата независна држава под нејзиното уставно име. Дополнително, тој лично лобираше за меѓународно признавање и поддршка на новата држава – и нејзиното име.
  2. Над 700 жители на Република Македонија имаат добиено стипендии од Фондациите Отворено општество за странски универзитети, вклучувајќи го и Централниот европски универзитет во Будимпешта.
  3. Покрај 98,7 милиони американски долари во финансиска помош од Фондациите Отворено општество на Џорџ Сорос, нашата македонска фондација има обезбедено дополнителни 35 милиони американски долари од САД, Швајцарија, Франција, Европска Унија и други земји од 2000 година до денес, за поддршка на развојните активности во Македонија.
  4. Кога избувна глобалната економска криза во 2008 година, фондацијата обезбеди 1,9 милиони американски долари во итна помош за мали претприемачи, земјоделци и граѓани. Ова вклучуваше и соработка со Владата на премиерот Никола Груевски за обезбедување ранци и училишен прибор за повеќе од 19 илјади ученици.
  5. Во 1993 година, кога новата независна држава акедонија се соочи со катастрофална економска криза, нашиот основач Сорос даде заем на владата во износ од 25 милиони американски долари за да обезбеди масло за греење за училиштата – прв заем од ваков вид за новата влада.
  6. Во 1993/94 година, кога патиштата низ Србија и Грција беа затворени, ние помогнавме и дадовме финансиска помош за воздушен превоз на земјоделски производи – главно грозје, кајсии и патлиџани – до Словенија. Следната година, ние помогнавме во формирањето на таканаречениот „Зелен коридор“, со кој се овозможи патен превоз на производи до албанските пристаништа, а потоа до Словенија и Хрватска.
  7. По конфликтот во 2001 година, ние обезбедивме нови предавателски и антенски станици за радио и телевизиски станици коишто беа оштетени во текот на борбите, со што овозможивме ширење на вестите за новиот договор и поттикнување национално единство.
  8. До 2004 година, Министерството за правда немаше официјална веб страница. За да ја подобри транспарентноста и отчетноста на ова министерство, Фондацијата Отворено општество – Македонија обезбеди финансиска помош за поставување на веб страницата www.justice.gov.mk.
  9. Откако Македонија се приклучи на патот кон членство во ЕУ во 2001 година, ние започнавме со поддршка на активностите за усогласување на државните служби, полицијата и судството со стандардите на Брисел.

Learn More: