Skip to main content

Северна Македонија: Што е следно?

  • Date
  • January 2019

Во јануари 2019 година, со двотретинско мнозинство гласови македонскиот парламент ги усвои уставните измени за промена на името на земјата во Република Северна Македонија. Иако тоа претставува важен чекор кон крајната цел на Северна Македонија за воспоставување долготрајна и стабилна демократија, промената на името мора да биде потврдена и од грчкиот парламент пред да стапи во сила. Но, како што покажува новиот извештај од Институтот за европска политика при Отвореното општество, новоименуваната Северна Македонија сепак ќе се соочи со значајни предизвици, но и значајни можности.

Документот со наслов „Северна Македонија: Што е следно?“ го разгледува Договорот од Преспа склучен во 2018 година меѓу соседните земји Грција и Северна Македонија, каде се утврдени договорените услови за решавање на долгорочниот спор со името на Македонија, и што тој значи за поголемиот проект кој се однесува на поцелосна интеграција на државите од Западен Балкан во политичкиот и економскиот систем на Европа, британските острови и САД. Освен тоа, извештајот разгледува како клучните играчи, како што се Европската Унија, НАТО, Русија, и другите држави од Западен Балкан, му приоѓаат на Договорот од Преспа, го објаснува значењето на промената на името во поширокиот геополитички контекст, и дава увид во можните сценарија за финално решавање на овој обременет и долготраен конфликт.

Download

Read more

Subscribe to updates about Open Society’s work around the world

By entering your email address and clicking “Submit,” you agree to receive updates from the Open Society Foundations about our work. To learn more about how we use and protect your personal data, please view our privacy policy.