Skip to main content

10 Причини За Декриминализација На Сексуалната Работа

Сексуалната работа е криминализирана не само преку забраните за продавање сексуални услуги, туку и преку законодавствата кои забрануваат барање секс, живеење од заработки од сексуална работа, јавни куќи или купување сексуални услуги. Со намалување на слободата на сексуалните работници да преговараат за користење презервативи со клиентите, да организираат правичен третман и јавно да ги застапуваат нивните права, се покажа дека криминализацијата и агресивната контрола ја зголемуваат ранливоста на сексуалните работници на насилство, изнуда и ризици по здравјето.

Овој документ обезбедува десет причини зошто декриминализацијата на сексуалната работа е најдобрата политика за промовирање на здравјето и човековите права на сексуалните работници, нивните семејства и заедниците. Отстранувањето на криминалното гонење на сексуалната работа оди рака под рака со признавање на сексуалната работа како работа и заштита на правата на сексуалните работници во однос на стандардите за здравје и безбедност при работа. Декриминализација на сексуална работа значи дека сексуалните работници можат да живеат без стигма, социјално исклучување и страв од насилство.

Ажурирање (10 април 2015 г.): Краткото упатство е ажурирано за да ги одрази најрелевантните аргументи и последните новитети и докази кои посочуваат дека декриминализацијата на сексуалната работа е политиката која најдобро ги заштитува правата, здравјето и безбедноста на сексуалните работници.

Download

Read more

Subscribe to updates about Open Society’s work around the world

By entering your email address and clicking “Submit,” you agree to receive updates from the Open Society Foundations about our work. To learn more about how we use and protect your personal data, please view our privacy policy.