Фондациите Отворено Општество и Џорџ Сорос

Фондациите Отворено Општество и Џорџ Сорос

Download Files

Download this information as a fact sheet in Macedonian.
75.95 KB pdf

Фондациите Отворено општество се основани од Џорџ Сорос, еден од најистакнатите филантропи во светот кој, од 1984 година до денес, донирал 14 милијарди долари од личното богатство стекнато на финансиските пазари.

Отворено општество поддржува поединци и организации ширум светот кои се залагаат за слобода    на изразување, транспарентност, отчетна власт, и за општества кои промовираат правда и еднаквост. Ваквите донации често се наменети за оние кои се соочуваат со дискриминација едноставно само поради тоа што се, како што се Ромите во Европа и други групи кои се истуркани на маргините на традиционалното општество.

Самиот Сорос на сопствена кожа ја искусил ваквата нетолерантност. Роден во Унгарија во 1930 година,  тој ја преживува нацистичката окупација којашто резултирала со убиство на повеќе од 500.000 унгарски Евреи. Во 1947 година, кога на власт во Унгарија доаѓаат комунистите, Сорос заминува од Будимпешта за Лондон, а потоа имигрира во САД, влегувајќи во светот на финансиите и инвестициите, каде подоцна ќе  го стекне своето  богатство.

Својата филантропска дејност Сорос ја почнува во 1979 година, со доделување стипендии за црните студенти од Јужна Африка за време на апартхејдот. Во 1980-те години од минатиот век, тој помага во промоцијата на отворена размена на идеи во комунистичка Унгарија, а по падот на Берлинскиот ѕид се обидува да ги зајакне демократските практики и институции во Источна и Средна Европа.

По завршувањето на Студената војна, тој ги проширува неговите филантропски активности во САД, Африка и Азија, поддржувајќи широк спектар на нови заложби за создавање поодговорни, транспарентни и демократски општества.

9 Факти за фондациите Отворено општество

  1. Денес, Фондациите вклучуваат Дваесет и три национални и регионални канцеларии, при што секоја од нив има сопствен локален советодавен одбор чиишто членови ја следат работата и ги формулираат приоритетите зафинансирање, за тие да ги задоволат локалните потреби.
  2. Првата фондација е основана во Унгарија во 1984 година, додека најновата е формирана во Мјанмар во 2016 година.
  3. Фондациите обезбедуваат до 33% од финансиите на голем дел од организациите со кои работат, со цел да се гарантира нивната автономија и да се воспостави солидна финансиска основа за нивната работа.
  4. Фондацијата е втората најголема приватна филантропска организација во САД, по Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“. Континуираната традиција за филантропско донирање од страна на успешни бизнисмени во САД потекнува одамна, со активностите на поединци како што се Ендру Карнеги и семејствата Рокерфелер и Форд.
  5. Фондацијата е најголемиот приватен финансиер на заложбите за поддршка на ромското малцинство во Европа.
  6. Почнувајќи од 1993 година, фондациите обезбедиле десетици милиони долари за хуманитарна помош и спасувачки активности за време на војните во земјите од поранешна Југославија, особено за време на опсадата на Сараево. 
  7. Во САД, фондациите работат од 1996 година. Програмите во САД се финансираат со околу 17% од вкупниот износ на финансиските средства и вклучуваат поддршка на реформата на кривично-правниот систем и законите за дроги, зајакнување на демократското учество и поддршка на хумани закони за имиграција.
  8. Одново и одново, фондациите отвораат политичка дебата за контроверзни прашања кои другите донатори можеби ги избегнуваат. Горди сме на нашата работа со лица кои се исфрлени од општеството само поради она што се.
  9. Името на фондациите го одразува влијанието на филозофијата на Карл Попер врз нашиот основач. Во својата книга „Отвореното општество и неговите непријатели“, Попер аргументира дека ниедна филозофија или идеологија не е финален арбитер на вистината и дека општествата може да процветаат само кога дозволуваат демократско владеење, слобода на изразување и почитување на правата на поединецот.